
Можете да го менувате времето кога
сакате во текот на одбројувањето и на
крајот, со притискање на копчето за
намалување на температурата и на
копчето за зголемување на
температурата.
На крајот на одбројувањето, показното
светло MinuteMinder трепка и се
огласува звучен аларм: Притиснете го
копчето OK за да го исклучите звукот и
да ја прекинете функцијата.
Функцијата можете да ја исклучите во
секое време за време на
одбројувањето, со повторување на
чекорите за функцијата додека да се
изгасне показното светло.
4.12 режим Holiday
Оваа функција ви овозможува да го
држите фрижидерот затворен и
празен подолг временски период без
да се создаде лоша миризба.
Испразнете го фрижидерот
пред да го вклучите
режимот Holiday.
1. Притиснете го копчето Mode
додека не се појави показното
светло за симболот Holiday.
Симболот Holiday трепка.
Показното светло за температура на
замрзнувачот ја покажува поставената
температура.
2. Притиснете го копчето OK за
потврдување.
Симболот Holiday се појавува.
За да го исклучите режимот Holiday,
повторете ја постапката додека не се
исклучи показното светло со симболот
Holiday.
4.13 Функција ChildLock
Вклучете ја функцијата ChildLock за да
ги заклучите копчињата од ненамерно
притискање.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло ChildLock трепка.
2. Притиснете OK за да потврдите.
Се прикажува показното светло
ChildLock.
За да ја исклучите функцијата
ChildLock, повторете ја постапката
додека не се исклучи показното светло
ChildLock.
5. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
5.1 Почетно вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред да го ставите
приклучокот во штекерот и
да го вклучите апаратот за
прв пат оставете го
апаратот исправено
најмалку 4 часа. Ова е
доволно време за маслото
да се врати во
компресорот. Поинаку,
компресорот или
електричните компоненти
може да претрпат штета.
5.2 Чистење на
внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно
избришете ги.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Не користете детергенти
или абразивни прашоци
бидејќи можат да ја
оштетат политурата.
МАКЕДОНСКИ 35
Komentáře k této Příručce