AEG BS731472HM Receptář Strana 4

  • Stažení
  • Přidat do mých příruček
  • Tisk
  • Strana
    / 12
  • Tabulka s obsahem
  • KNIHY
  • Hodnocené. / 5. Na základě hodnocení zákazníků
Zobrazit stránku 3
шекерот, путерот, жолчката, целото
јајце, ванилиниот шекер и сокот од
лимон во сад за матење. Додајте ги
млекото и квасецот и замесете тесто.
Покријте го тестото со крпа и оставете
го да нарасне 45 минути. Потоа, со
лажица вадете од тестото кнедли
(околу 80 g), сплескајте ги со раката и
наполнете ги со 1 лажичка џем од
сливи. Повлечете ги краевите од
тестото нагоре и покријте го џемот со
тестото и оформете го во топче.
Ставете ги топчињата во подмачкан
сад, покријте ги и оставете ги да
нараснат уште 45 минути, а потоа
ставете ги во апаратот.
Време во апаратот: 35 минути
Ниво на решетка: 3
1.8 Телешка коленица
Состојки:
1 задна телешка коленица 1,5 - 2 kg
4 парчиња варена шунка
2 супени лажици масло
1 лажичка сол
1 кафена лажичка благ црвен пипер
1/2 кафена лажичка босилок
1 мала конзерва сечкани печурки
супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
вода
Метод:
Исечете 8 разрези околу целата
коленица. Исечете ги четирите
парчиња варена шунка на половина и
ставете ги во разрезите. Измешајте
масло, сол, црвен пипер и босилок и
со мешавината намачкајте ја
телешката коленица. Ставете ја
телешката коленица во тава за
печење месо и одозгора распоредете
ги печурките. Додајте супа од зеленчук
и вода во телешката коленица.
Долниот дел од месото треба да биде
потопен во 10 - 15 mm течност.
Време во апаратот: 150 минути
Ниво на решетка: 2
1.9 Ориз
Состојки:
200 g ориз со долго зрно
50 g див ориз
сол и црн пипер
2 кафени лажички супа од зеленчук
600 ml вода
1 мала црвена пиперка
2 лажички кафеав шеќер
2 лажички доматно пире
400 ml говедски бујон
По готвењето:
1 мала конзерва слатка пченка (150
g)
Исцедете ја пченката и додајте ја
во варениот ориз.
Метод:
Ставете ги оризот со долго зрно,
дивиот ориз, солта, црниот пипер,
бујонот од зеленчук и водата во сад
половина час пред готвењето.
Подгответе ја пиперката, исечете ја на
мали коцки, додаjте ја во оризот и
гответе ги.
Време во апаратот: 40 минути
Ниво на решетка: 3
1.10 Лазањи
Состојки за сосот со месо:
100 g сланина од пафлак
1 кромид
1 морков
100 g целер
2 супени лажици маслиново масло
400 g мелено месо (мешавина од
јунешко и свинско)
100 ml супа од месо
1 мала конзерва домати, на
парчиња (околу 400 g)
оригано, тимијан, сол и црн пипер
Состојки за сосот бешамел:
75 g путер
50 g брашно
600 ml млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
3 супени лажици путер
250 g зелени листови за лазањи
50 g пармезан, рендан
50 g меко сирење, рендано
Метод:
Со остар нож, отстранете ги кората
и ’рскавицата од сланината и
исечкајте ја на ситни коцки. Излупете
ги кромидот и морковот, исчистете го
www.aeg.com4
Zobrazit stránku 3
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

Komentáře k této Příručce

Žádné komentáře